Меси се израмни со Марадона и дојде на два гола од рекордот на „Батигол“

294

Лионел Меси го постигна осмиот гол на светските првенства. Токму со неговиот гол вечерва Аргентина го совлада Мексико со 1:0 и остана во трка за осминафиналето. Меси повторно се израмни со Кристијано Роналдо по бројот на голови на светските првенства. 37-годишниот Португалец претходно постигна гол против Гана во 1. Коло.

Вреди да се напомене дека Меси се израмни и со иконата на аргентинскиот фудбал, Диего Марадона кој има 8 гола на Мундијалите. Сепак, рекордот во аргентинскиот национален тим го држи Габрел Батистута со 10 гола на светските првенства.

 

ПретходноМеси ја врати Аргентина на пат кон осминафиналето (ВИДЕО)
СледноНејмар користи компресивна чизма со НАСА технологија за побрзо да ја санира повредата