Супер Лина оди по нов трофеј во Ираклион, ќе игра финале на турнирот

101

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа има шанса втор пат сезонава да освои трофеј на ИТФ турнирот во Ираклион, Грција. Нашата најдобра тенисерка денеска беше подобра од романската тенисерка Мириам Бјанка Булгару со 6:4 и 7:6(5) со што избори финале на турнирот.
Противничка во финалето ќе и биде Екатерина Макарова од РУсија која во другото полуфинале ја совлада Дарја Семенистаја од Летонија со 4:6/6:3/6:3.
Да потсетиме дека Лина пред неколку недели триумфираше во Ираклион токму по победата над Мириам Булгару во финалето.

ПретходноПолувреме: Струга ТЛ со головите на Ибраими и Малески “ГАЗИ“ во Кратово! (видео)
СледноАзар: Пред четири години имавме поголеми шанси да ја освоиме титулата