ФИФА отвори постапка поради знамето во соблекувалната на Србија

708

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) покрена истрага против Србија поради знамето закачено во соблекувалната пред натпреварот против Бразил, на кое Косово беше прикажано како дел од Србија.

Фотографијата од српската соблекувална со спорното знаме и натписот „Не се предавај“ наиде на реакција на косовскиот министер за култура, млади и спорт, Хајрула Чеку, кој побара реакција од ФИФА.

Денеска од Светската куќа на фудбалот потврдија дека е отворена дисциплинска постапка против Српскиот фудбалски сојуз. Останува да се види каква казна ќе биде изречена.

ПретходноНејмар користи компресивна чизма со НАСА технологија за побрзо да ја санира повредата
СледноДавидовски ќе стартува од првиот ред на финалниот гран при викенд од WTCR