Македонскиот ракометен интернационалец, Борко Ристовски со шест одбрани беше еден од најважните играчи на тимот на Лемго во триумфот над Ерланген со убедливи 34-27.
Голманот на теренот мина околу триесетина минути и имаше неколку клучни одбрани во битните моменти од натпреварот.
Ова беше четврта бундеслигашка победа на Лемго, трета по доаѓањето на Ристовски, кој се пресели во овој клуб на двомесечна позајмица од Вардар.