Зборовите на Меси се волшебник за сите Аргентинци!

342

Аргентинците не покажаа многу во првите два натпревари на Мундијалот, но сепак сами си ја решаваат судбината, го победија Мексико за отворен пат кон осминафиналето. Лионел Меси е оптимист, а кога фудбалски волшебник има такво расположение, тогаш целата нација оди „на истиот пат“.

„Денеска започнува Светското првенство за Аргентина. На луѓето постојано им кажувам една работа, а тоа е да продолжат да веруваат.

Во првото полувреме не игравме како што треба, но во второто, кога се смиривме, почнавме да играме подобро, постигнавме гол, се вративме на она што бевме“, изјави волшебниот Аргентинец.

Секако, овие зборови многу им значат на Аргентинците, Меси е тој што дава оптимизам, но сигурно ќе мора да ја има поддршката од соиграчите во следните натпревари.

Полјаците сега имаат четири бода во оваа група, Аргентина три, Саудиска Арабија исто три, а Мексико само еден бод. Секако, многу ќе зависи од резултатот на натпреварот помеѓу Саудиска Арабија и Мексико.

ПретходноМЗТ Скопје на мегдан против најмладиот тим во АБА-лига во мечот на сезоната!
СледноАнтиќ: Мотивирани сме, сакаме да го подобриме впечатокот по катастрофалниот пораз од Белгија!