Добро изјави пред некоклку дена Кевин Де Брујне дека неговата Белгија веќе ни оддалеку не е фаворит за највисок пласман, затоа што неговата генерација која што сеуште е на терен едноставно е престара за такво нешто.
Тоа денеска на дело се покажа на дуелот со Мароко, кој Белгија го загуби со 2:0, а потоа во Брисел следуваше хаос и нереди поради лошиот резултат.
Превртени автомобили, пожари, и неколку тепачки со полицијата се забележани и регистрирани низ градот, каде што очигледно навивачите не можат да се помират дека нивната репрезентација од број 1 во светот на ФИФА листата во еден момент, сега губи од просечни репрезентации.
Police deploy water cannons in central Brussels amid clashes with Morocco supporters following country's victory over Belgium in the World Cup – @factalpic.twitter.com/fhUbqSg8tO
— Faytuks News Δ (@Faytuks) November 27, 2022