Не се израдува на голот, но не му простија: Каменувана куќата на Емболо во Камерун

620

Камерунецот Брил Емболо беше херојот на Швајцарија во првиот меч кој оваа репрезентација го одигра на СП. Тој го постигна единствениот гол за оваа репрезентација во победата на Швајцарците над Камерун и одби да го прослави голот за да ја покаже својата љубов и почит кон земјата од која потекнува, но не секој Камерунец знаеше да го цени тоа.

Толпа народ се собрала во Јаунде, Камерун, и ја каменувала семејната куќа на таткото на Брил Емболо. Семејството на овој 25-годишен напаѓач доживеало вистинска драма. Неговата мајка се огласи во оваа прилика и им порача на сите „да го остават нејзиниот син на мира.

Неколкумина од насобраните скандирале „Предавник, предавник!“, а доколку немаше обезбедување и полиција, прашање е како ќе ескалираа немирите на улиците пред семејната куќа на Емболо.

ПретходноОдлична последна четвртина и нова победа за Пелистер во АБА 2 лигата
СледноПМФЛ:Сензација под Шара, Работнички го доби Ѓорче, “Пиратите“ со пресврт до триумф, Шкупи ја “растури“ Победа…