Чеферин: Никогаш повеќе зимски Мундијал!

8206

СП во Катар е прво кое се одржува во зима, необичен термин за оние кои го сакаат фудбалот, кои живеат за фудбалот. Сепак парите победија, па така ФИФА пред неколку години одлучи токму Катар да биде домаќин на овој Мундијал.

На многумина не им се допаѓа “зимскиот Мундијал“, а еден од нив е и претседателот на УЕФА Александер Чеферин кој има свој коментар:

СП во зима не е добро, не е добро пред се за фудбалот како спорт. И ова веќе не смее да се повтори, значи никогаш повеќе не смее да има зимски Мундијал и тоа поради фактот дека премногу се оптоварува натпреварувачкиорт календар“ рече покрај другото Словенецот кој е прв човек на УЕФА.

ПретходноЃорческа поразена во ИТФ финалето во Ираклион
СледноИранскиот селектор по изјавите на Клинсман: Што се замислува тој, дека е од некоја супериорна нација?