Македонскиот интернационалец Никола Ѓорѓев беше играч на мечот за Арау на гостувањето кај Лозана во швајцарската втора лига. Ѓорѓев ги постигна двата гола во ремито 2:2 кај второпласираниот на табелата.
Интересно е што Лозана водеше по првото полувреме со 2:0, а потоа нашиот играч од средниот ред даде два гола и спаси бод.
Инаку тој стигна до четири гола во шампионатот сезонава.
ФОТО: Тwitter/Aarau