Е.Пелистер 2 запиша две победи во низа, откако на гостувањето кај Скопје славеше со 23-28 во последниот меч од 12. коло во Супер-лигата. Битолчани сосема заслужено си заминаа со целиот плен, беа многу подобри во второто полувреме.
Во првиот дел имаше неколку промени на резултатот, а најдобро се снајде гостинскиот состав. Ракометарите на Е.Пелистер поведоа со 3-5, на другата страна домашниот тим со серија од 5-1 дојде д водство од 11-9, но застана, момент кој го искористи противникот. На одморот беше 12-14.
Избраниците на Александар Јовиќ не му дозволија на Скопје да отвори пат кон пресврт и одбово да дојде до водство, беа на позитива од два до три гола, која на крајот беше изразена во пет гола 23-28.
Кукуловски имаше седум гола, еден помалку запиша Петар Атанасијевиќ. На другата страна Јакимовски постигна седум погодоци.