Децата од Скопје ја креваат Автокоманда на нозе

1362

Тимот на Скопје денеска и покрај императивот на победа успеа да се справи со притисокот и на најдобар можен начин да покаже дека клубот има многу уште што да каже во овогодинешниот ПМФЛ шампионат.

Денеска на Автокоманда „лавовска единица“. Победа од 2:1 против Академија Пандев и враќање на атмосферата. Освојување три бода кои значат многу. Значат во обидот клубот да се спаси сезонава од испаѓање. А има уште многу да се игра. Иако е Скопје сеуште е последен, и покрај победата, сепак, сега нештата се поинакви.

Девеетте бода на контото на „Пиратите“ сега се само два помалку од оние на Победа и еден од оние на Академија Пандев. А само за информација, Победа и Скопје во Прилеп играат следното коло.

Денеска тимот на Скопје, предводен од своите млади фудбалери како Азер Омерагиќ, Леон Игњатов покажа дека и во своите редови има потенцијал вреден и за младите репрезентации на Македонија. Нивната одлична акција во првиот дел, за малку не им донесе водство, односно само одличмната интервенција на Алчевски го остави резултатот, 0:0. Искустото на Јасмин Мециноциќ клучно во моментите кога се кршеше резултатот, а Бујар Хајдари ја искористи дадената шанса од клупата со гол, како и голманот Петар Митев кој по повредата на Ефремов е „единицата“ на Автокоманда. Христијан Димов очигледно дека покрај дефанзивните квалитети има и напаѓачки афинитети.

Се на се, клучен момент на овој дуел беше желбата, енергијата и капацитетот на „Пиратите“ да дојдат до победа и тоа од негатива што секако уште повеќе му дава вредност на овој триумф.

Ова значи дека на Автокоманда сезонава ќе гледаме уште многу вакви дуели во кој момците во сино ќе направат се ФК Скопје да го задржи статусот кој го има во моментов, а клубот пак ќе им врати со непроценливо прволигашко искуство кое го стекнуваат и за кој ќе му бидат бескрајно благодарни понатаму во кариерите.

 

 

ПретходноИ Диего би бил горд: Лудото славје на “гаучосите“ во соблекувалната по победата над Мексико! (ВИДЕО)
СледноФеникс се пофали со нов Американец, но со НБА искуство!