По барањето на Косово до ФИФА да се казни Србија по знамето со паролата – “Нема предавање“ што осамна во соблекувалната во репрезентацијата на нашиот северен сосед, сега Косово има уште едно барање.
А тоа е стадинот “974“ кој е изграден од контејнери, да се пресели во Косово. Познато е дека овој стадион по завршувањето на Мундијалот, кој е изграден од 974 контејнери, ќе се расклопи и ќе биде подарен на една од земјите членки на ФИФА. Косово е една од тие кои веќе аплицирале за тоа кај нив да осамне овој „974“ стадион, а светските медиуми истакнуваат дека токму оваа членка на ФИФА има најголеми шанси за такво нешто.