Иранскиот селектор по изјавите на Клинсман: Што се замислува тој, дека е од некоја супериорна нација?

7487

Селекторот на репрезентацијата на Иран, Карлос Кеирош, бесен по изјавите на Јирген Клинсман за неговиот тим побара поранешниот германски селектор да биде исфрлен од функцијата експерт во светската фудбалска асоцијација ФИФА. Германецот го критикуваше начинот на игра на Иран во победата од 2-0 против Велс.

Клинсман е во екипата аналитичари на ФИФА која го анализира Светското првенство во Катар. Како аналитичар на Би-Би-Си, поранешниот играч рече дека серијата фаули и однесувањето на иранскиот стручен штаб биле дел од однапред смислена стратегија за да се натера противникот да го изгуби фокусот.

„Ова не е случајно. Сето тоа е намерно. Тоа е дел од нивната култура, така играат“, изјави Клинсман за британската телевизија. „Тие влијаат на судијата. Гледате дека тие секогаш скокаат од клупата при секој фаул и се обидуваат да притискаат кон линискиот и четвртиот судија“.

Кеирош изјавите на Клинсман ги нарече срам за фудбалот.

„Без да ме познавате лично, го доведувате во прашање мојот карактер со типични предрасуди за супериорност“, порача националниот селектор на Твитер. „Колку што го почитувам она што го постигнавте на теренот, овие изјави за иранската култура, иранската репрезентација и моите играчи се срамота“, му порача Португалецот.

ПретходноЧеферин: Никогаш повеќе зимски Мундијал!
СледноМагдевски потпиша за холандски Донар