Крамариќ: Не се даваат секој ден два гола на Мундијал

253

Херојот на репрезентацијата на Хрватска Андреј Крамариќ секако дека е во фокусот на јавноста во неговата земја по екстра денешниот триумф над Канада од 4:1. Крамариќ постигна два гола, го најави комплетниот пресврт откако Канаѓаните поведоа уште во првата минута и е најголемиот „виновник“ што Хрватска денеска не се избламира.

„Првите пет минути беа тешки за нас. Но покажавме она што Хрватска секогаш го покажува. Покажавме фокус, физичка снага, поради која и го направиме пресвртот, и на крајот победивме. Секако, посебна вечер за мене и за екипата. Не се даваат на Мундијал секој ден два гола“ – изјави Крамариќ

 

ПретходноЃорѓев со два гола го извлече Арау од пораз
СледноАеродром слави: МЗТ Скопје преку Мега до втора јадранска радост (ФОТО)