Завршија денешните мечеви од 16.коло. Изненадувањето секако дека се оние 0:0 по Шара меѓу Шкендија и Тиквеш. Кавадарчани им го расипаа родеденското славје на “Балистите“. Шкендија доминираше, имаше шанси но на крајот мораше да се задоволи само со бод. Тиквеш уште еднаш оваа есен одигра одлично.
Работнички во битката за Скопје ја победи Македонија ЃП и тоа со 2:0. Двата гола беа во првиот дел. Прво Рушевиќ стрелаше прецизно за да потоа Мишевски со постигна автогол. Добра игра на тимот на Милан Илиевски, додека од тимот од Ѓорче се очекуваше далеку подобар настап.
Шкупи со 0:6 успеа да ја победи Победа и тоа среде Прилеп. Очекувам резултат ако се знае дека играчите на Победа беа во тринеделен штрајк. Сепак Шкупи покажа зошто е шампион.
Скопје со херојска игра дојде до победа над Академија Пандев и тоа со пресврт. Најпрво Митровски донесе водство на гостите, за да потоа со головите на Хајдари и Димов екипата од Автокоманда успеа да победи со 2:1.
Вчера Струга Трим Лум како гостин го победи Силекс со 1:2, Брегалница беше слободна во ова коло.
РЕЗУЛТАТИ – 16.КОЛО
СКОПЈЕ – А.ПАНДЕВ 2:1
(Хајдари 71., Димов 84. /Митровски 61.)
ПОБЕДА – ШКУПИ 0:6
(/Хамиди 7.,69., Трапановски 14., Реналдо 39., Куевен 85., Алварез 89.)
РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 2:0
(Рушевиќ 26., Мишевски (авт) 28./)
ШКЕНДИЈА – ТИКВЕШ 0:0
ВЧЕРА:
СИЛЕКС – СТРУГА ТЛ 1:2
БРЕГАЛНИЦА (СЛОБОДНА)