Денеска од 13 часот се играат преостанатите мечеви од 16.коло во ПМФЛ. Вчера Струга ТЛ како гостин славеше во Кратово кај Силекс со 2:1 и уште денеска може и официјално да стане есенски шампион. Ќе треба само Шкупи да не победи во Прилеп.
Се очекува најинтересно да биде на „Борис Трајковски“ во Маџари каде во битката за Скопје се среќаваат Работнички и Македонија ЃП. Тоа ќе биде битка меѓу Дебар Маало и Ѓорче. И двете екипи оваа есен играа(т) очајно, и двете се наоѓаат во долниот дел на табелата, па затоа победата и тоа како ќе биде важна, посебно за тимот на стратегот Милан Илиевски.
Уште една супер – интересна фудбалска битка во главниот град, а таа ќе биде на Автокоманда меѓу Скопје и А. Пандев. И овие две екипи се во долниот дел на табелата, па затоа ќе биде жестоко.
Во Тетово се очекува да биде фешта. Шкендија се среќава со Тиквеш а фановите на клубот, „Балистите“ викендов го прославуваат јубилејниот 30-ти роденден.
„“Балистите“ се наш 12-ти играч. Тие секогаш се со нас, и кога е тешко и кога е убаво. Сакаме со победа да им го честитаме роденденот. Сакаме по мечот со Тиквеш заедно со нив да ја прославиме победа“ истакна Мевљан Мурати.
И во Прилеп, на стадионот “Гоце Делчев“, Победа го очекува шампионот Шкупи. Се знае кој е фаворит, се освен триумф на тимот од Чаир ќе биде рамно на сензација.
ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА – 16.КОЛО (13 Ч)
СКОПЈЕ – А.ПАНДЕВ
ШКЕНДИЈА – ТИКВЕШ
РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП
ПОБЕДА – ШКУПИ
ВЧЕРА:
СИЛЕКС – СТРУГА ТЛ 1:2
БРЕГАЛНИЦА (СЛОБОДНА)
ТАБЕЛА
Струга ТЛ 33, Шкупи 25, Шкендија 24, Силекс 23, Тиквеш 22, Брегалница 20, Македонија ЃП 17, Работнички 15, А. Пандев 12, Победа 11, Скопје 6 бодови