Полувреме: Работнички убедлив со “лавовите“, шампионот води со 0:3 во Прилеп!

163

Завршија првите полувремиња од четирите мечеви од 16.коло кои се играат попладнево. Работнички како домаќин на “Борис Трајковски“ во Маџари води со 2:0 против Македонија ЃП. Рушевиќ во 26.минута му донесе водство на својот тим, а две минути подоцна по ударот на Алими од слободен удар гостинскиот капитен Мишевски си постигна автогол.

Во Прилеп домашната Победа едноставно нема шанси со Шкупи, шампионот игра квалитетно и води со 0:3 и тоа со головите на Хамиди во 7.минута, потоа стрелаше Трапановски во 14.минута а Реналдо во 39.зголемува на 0:3

По Шара домашата Шкендија напаѓа со сите сили, имаше многу шанси и зицери, но Тиквеш одолева и успеа на пауза да замине со резултатот 0:0.

Немаше голови и на Автокоманда, барем до 45.минута на мечот Скопје – А. Пандев. Овој меч започна со 6-7 минути доцнење.

ПретходноЕден од стадионите во Катар ќе биде преселен во Косово!?
СледноОдлична последна четвртина и нова победа за Пелистер во АБА 2 лигата