Кристијано Роналдо на Светското првенство во Катар игра како слободен играч, откако ја раскина соработката со Манчестер Јунајтед по скандалозното интервју. На адресата на Португалецот дојде понуда која ретко кој се одбива.
Се работи за понуда од 75 милиони долари годишно, договорот би важел три години, а клубот?
Тоа е нешто што не го интересира Роналдо, барем досега не беше така. Тоа е Ал-Наср, клуб од Саудиска Арабија.
Иако има 37 години, Роналдо верува дека се уште може да игра на врвно ниво, поточно во Лигата на шампионите, една од причините поради која сакаше да го напушти Манчестер Јунајтед уште пред почетокот на сезоната.
Ако неговото понижување беше да игра во Лига Европа, замислете ги азиските натпреварувања кои се три класи послаби од европските.
Од друга страна, Ал-Наср е еден од најголемите клубови во Азија, Роналдо повторно би станал најплатениот играч во светот (моментално тоа е Килијан Мбапе).
Роналдо би добивал 205.479 долари дневно или 8.561,64 долари секој час. Секоја минута 142,69 долари и секоја секунда 2.378 долари