Кошаркарите на МЗТ Скопје во овој момент го играат дуелот против Мега во рамките на осмото коло во АБА-лига. Кошаркарите на двата тима испратија порака од СЦ „Јане Сандански“ – СТОП за насилство врз жените.
АБА-лига најави дека сите играчи ќе имаат црвени ознаки за поддршка на Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените.
„Почитувајте ги жените, престанете со насилството“, е порака на јадранското натпреварување, која ја пренесоа и кошаркарите на двата тима, како и сите останати.