Славчо Георгиевски – Тупан: Големо браво за моите играчи, херојска победа над “пандевци“!

1145

Голема и херојска победа на Скопје против А. Пандев на денешниот меч од 16.коло во ПМФЛ. Големи, огромни три бода се запишани, и тоа по пресвртот кој го направија “пиратите“.

По натпреварот со свој коментар за “Спортмедиа“ излезе Славчо Георгиевски – Тупан, стратегот на Скопје, кој не штедеше комплименти на адреса на свои играчи.

Уф, мораме да бидеме задоволни. Навистина едно големо браво за моите играчи. Одиграа херојски, иако имаа негатива 0:1 не престанаа да веруваат во себе и на крај заслужено победивме со 2:1. Оваа победа, овие три бода се од големо значење за нашиот тим, победа која ќе ни овозможи да фатиме приклучок со оние екипи кои се пред нас во битката за опстанок“ посочи Тупан.

ПретходноДебар Маало слави, Ѓорче во солзи…. (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноХрабриот Мароко ја “уништи“ Белгија! (ВИДЕО)