Аргентина го победи Мексико со 2:0 во второто коло на Светското првенство и направи важен чекор кон осминафиналето на турнирот, против ќе има шанса да го освои првото место во групата.
По мечот, новинарите го чекаа Меси во микс зоната, а меѓу нив беше и новинар од српски Телеграф. На собраните новинари прво им било кажано дека Меси нема да се појави, но некои сепак останале да чекаа и тоа два часа и 15 минути, а потоа се појавил Меси.
„Поради лудилото за Меси во микс зоната, контролата на ФИФА беше зголемена. Додека тој се појавуваше, контролорите летаа околу новинарите и им забрануваа да снимаат видеа и да фотографираат бидејќи ќе им ги одземаат акредитациите. Некои ризикуваа и завршија без нивните акредитации“, пишува новинарот на Телеграф.
По Мексико, Меси немал обврска да мине низ микс-зоната:
„Покажа каков професионалец е и се покажа како вистинска личност, што го направи и по првото коло, кога беше единствениот кој се појави во пред новинарите по тешкиот пораз од Саудиска Арабија. Сега застана на секоја група новинари, ги почитуваше телевизиите, а потоа им пристапи на онлајн медиумите кои се во вториот ред од микс зоната“.
Новинарот на Телеграф потоа му се обратил: „Лео, Србија те сака“. Аргентинецот се свртел и со насмевка подигнал палци.