Тим Квартермен е нов играч на Феникс. 28-годишниот Американец кој со себе носи и НБА искуство настапувајќи за Хјустон и Портланд ќе носи „виолетово-жолто“ до крајот на сезоната.
„Настапува на бековската позиција и неговото искуство ќе биде непроценливо за нашите млади кошакари“, велат од таборот на прволигашот.
Колеџ кариерата ja минал во дресот на престижниот Универзитет на Луизијана каде во последната сезона бележи просек од 11.2 поени, 4.6 скока и 3.6 асистенции пред да замине во НБА лигата.
Покрај Хјустон и Портланд тој бележи настапи и во Џи-Лигата за филијалите на Чикаго, Нетс, Клиперс и Мајами, а има и европско искуство во Израел, како и настапи во Нов Зеланд и Мексико.