Хрватска во голем стил дојде до првиот триумф во Катар (ВИДЕО)

157

Репрезентацијата на Хрватска конечно заигра како што треба на Мундијалот во Катар. Откако во првото коло одигра само 0:0 против Мароко, овојпат „Коцкастите“ едноставно мораа да озвојат три бода ако сакаат и натаму да се во игра за висок пласман.

И го сторија токму тоа. Обезбеден е триумф против Канада со 4:1, откако Канаѓаните сензационално по само една минута со 1:0. Сепак, Хрватска потоа презема се во свои раце и стигна до пресврт уште на полувреме.

Андреј Крамариќ главна карика, затоа што најпрво изедначи на 1:1, потоа Ливаја донесе водство за Хрватите од 2:1, за да Крамариќ со вториот гол во 70. минута зголеми на 3:1 со својот втор гол.

Конечниот резултат го постави Ловро Мајер во последните секунди од мечот.

ПретходноВалтер: Изгледа нема крај на проблемите, но ќе се бориме до крај!
СледноБитолчани го освоија Скопје!