Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да го освои ИТФ турнирот во грчки Хераклион. Во денешното финале, нашата тенисерка беше поразена во дуелот со Русинката Макарова во три сета со 4:6, 7:5, 5:7.
Макарова е 260. на ВТА листата, триесетина места пред нашата Ѓорческа. Таа успеа подобро да се снајде во решавачките поени на дуелот во првиот и третиот сет и на крајот да ја освои титулата.