Џабе ја победија Германија: Костарика ги „реши“ Јапонците (ВИДЕО)

211

Иако никој не веруваше во нив, Костариканците ја остварија првата победа на СП во Катар, откако денеска со 1:0 го совладаа тимот на Јапонија и останаа во игра дури и за нокаут-фазата на СП. На стадионот „Ахман Бин Али“ во Ал Рајан иако Јапонија влезе како голем фаворит, особено по победата над Германија, Костарика знаеше што сака и ја искористи својата шанса.

Одлуката дојде во 81. минута од натпреварот. Една лежерност во одбраната на „самураите“, доведе до ситуација во која Фулер го лобуваше јапонскиот голман Шуичи Гонда и успеа да ја донесе својата репрезентација во водство.

Јапонија се обидуваше да израмни до крајот, но рфезултатот остана непроменет. Сепак, се чини дека сега најголеми шанси за пласман во осминафиналето имаат фаворитите од оваа група, Германија и Шпанија, нкои вечерва играат меѓусебен дуел од 20 часот.


Standings provided by Sofascore

ПретходноМагдевски потпиша за холандски Донар
СледноЕден од стадионите во Катар ќе биде преселен во Косово!?