Битолчани го освоија Скопје!

163

Е.Пелистер 2 запиша две победи во низа, откако на гостувањето кај Скопје славеше со 23-28 во последниот меч од 12. коло во Супер-лигата. Битолчани сосема заслужено си заминаа со целиот плен, беа многу подобри во второто полувреме.

Во првиот дел имаше неколку промени на резултатот, а најдобро се снајде гостинскиот состав. Ракометарите на Е.Пелистер поведоа со 3-5, на другата страна домашниот тим со серија од 5-1 дојде д водство од 11-9, но застана, момент кој го искористи противникот. На одморот беше 12-14.

Избраниците на Александар Јовиќ не му дозволија на Скопје да отвори пат кон пресврт и одбово да дојде до водство, беа на позитива од два до три гола, која на крајот беше изразена во пет гола 23-28.

Кукуловски имаше седум гола, еден помалку запиша Петар Атанасијевиќ. На другата страна Јакимовски постигна седум погодоци.

ПретходноХрватска во голем стил дојде до првиот триумф во Катар (ВИДЕО)
СледноПознато што се случи со првиот голман на Мароко, Боно добил диареја