Гостивар го доживеа првиот пораз, падна во Куманово

103

Кошаркарите на Гостивар го претрпеа првиот пораз сезонава во најсилната македонска кошаркарска лига. Вечерва гостиварци беа поразени на гостувањето кај Куманово со 82:70. Гостите од Гостивар беа добри на почетокот, водеа по првата четвртина со 17:23, а потоа домашните ја преземаа контролата на теренот, го свртеја резултатот и на крајот победија.

Марјан Јанески блескаше за Куманово кој постигна 22 поени за 37 минути игра, а притоа придодаде и две асистенции. Тејрел Ален се истакна со 12 поени и 6 асистенции, а Ненад Живчевиќ постигна 18 поени.

Кај гостите најефикасен беше Пипкинс со 15 поени, двоцифрени беа уште Маслинко и Митевски (двајцата со по 10 поени) и Ефремовски со 11 поени.

Гостивар е лидер на табелата со 13 бодови, два повеќе од МЗТ кој има меч помалку. За Куманово ова е втора победа сезонава.

 

 

ПретходноMaсовна тепачка на руското дерби (видео)
СледноПорака од „Јане Сандански“: Почитувајте ги жените, стоп за насилство (ФОТО)