Де Брујн: Белгија не напаѓа добро затоа што напаѓачите се стари

581

Белгија доживеа пораз од Мароко со 0:2 во второто коло од групата на СП 2022. Пред мечот со Мароко, Кевин Де Брујн изјави дека Белгијците немаат шанси на Мундијалот затоа што имаат стари напаѓачи.

Мислам дека не напаѓавме бидејќи нашите напаѓачи се престари. Нашата шанса беше СП 2018. Имаме добар но возрасен тим. Изгубивме некои клучни играчи, а не доаѓаат нови. Не сме на истото ниво како и во 2018 година“, беше коментарот на играчот од средниот ред на Манчестер Сити.

Слично размислува и капитенот Еден Азар.

А после поразот од Мароко, дефанзивецот Јан Вертонген зборуваше за мечот.

Тоа беше добар меч, но не сум сигурен дека можевме да победиме. Не направивме добри шанси. Примивме два исти гола. Ова е фрустрирачко. Работите не одат како што посакуваме. Сепак, нема предавање. Ќе се бориме да обезбедиме пласман во наредната рунда со победа на последниот меч“, изјави дефанзивецот на Андерлехт.

 

Претходно„Балистите“ со фантастично пиротехничко шоу го „запалија“ Тетово (видео)
СледноПетровиќ: Одигравме одличен натпревар, задоволен сум од момците!