Денеска на Мундијалот: Гигантот Германија пред испаѓање од СП!?

416

 

Зарем некој можеше да претпостави дека уште по вториот меч во групната фаза една репрезентација како Германија ќе ги загуби сите шанси за пласман во елиминациската фаза? По сензационалниот пораз од Јапонија на стартот, денеска “панцирите“ ќе мораат, ама баш ќе мораат да победат против Шпанија која на својот прв меч ја победи Костарика со 7:0. И реми нема да биде катастрофа за четата на Ханси Флик, но пораз ќе значи дека третиот меч во Катар ќе биде само една обична парада.

Секако дека овој меч е дерби на денот, а се игра во 20 часот.

Денот го започнуваме со мечот меѓу Јапонија и Костарика (11 Ч). Во случај на триумф на Јапонците тие веројатно ќе се најдат во осминафиналето.

Белгија против Мароко (14 Ч) е голем фаворит. Се освен триумф на “ѓаволите“ ќе ја направи групата-Ф вистински хаос.

Хрватска со Канада (17 Ч) ќе има голема шанса да си го врати своето достоинство по она реми со Мароко, но и по оние скандалозни изјави на селекторот на Канада.

ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА

11:00 Ч

ГРУПА-Е (2.КОЛО)

ЈАПОНИЈА – КОСТАРИКА

Стадион: Ахмад бин Али (Ал Рајан)

14:00 Ч

ГРУПА-Ф (2.КОЛО)

БЕЛГИЈА –МАРОКО

Стадион: Ал Тумана (Доха)

17:00 Ч

ГРУПА-Ф (2.КОЛО)

ХРВАТСКА –КАНАДА

Стадион: Калифа Интернационал (Доха)

20:00 Ч

ГРУПА –Е (2.КОЛО)

ШПАНИЈА – ГЕРМАНИЈА

Стадион: Ал Бајт (Ал Кор)

ПретходноДавидовски ќе стартува од првиот ред на финалниот гран при викенд од WTCR
СледноВестбрук раскрварен сакаше да се тепа, Леброн го спречи (ВИДЕО)