Голема мистерија е каде беше голманот на Мароко, Боно, поточно првиот голман. Имено тој се загреваше во пресрет на мечот со Белгија, се најде и меѓу оние играчи при интонирање на химната и потоа наеднаш го снема. Не беше ниту на клупата. На голот беше искусниот Мунир кој одлично си ја одработи својата задача, но прашање е каде “залута“ Боно.