Порака од „Јане Сандански“: Почитувајте ги жените, стоп за насилство (ФОТО)

149

Кошаркарите на МЗТ Скопје во овој момент го играат дуелот против Мега во рамките на осмото коло во АБА-лига. Кошаркарите на двата тима испратија порака од СЦ „Јане Сандански“ – СТОП за насилство врз жените.

АБА-лига најави дека сите играчи ќе имаат црвени ознаки за поддршка на Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените.

„Почитувајте ги жените, престанете со насилството“, е порака на јадранското натпреварување, која ја пренесоа и кошаркарите на двата тима, како и сите останати. 

ПретходноГостивар го доживеа првиот пораз, падна во Куманово
СледноФулкруг ја држи Германија во „живот“, донесе „златен бод“ против Шпанија (видео)