Феникс падна во Гевгелија, Работнички фати залет

199

Кожув дојде до големи бодови на домашен терен, го совлада Феникс со 97-89 во рамките на седмото коло во Првата лига. За гевгеличани ова беше трета победа оваа сезона, имаат четири порази, на другата страна Феникс го запиша третиот пораз.

Домаќинот беше подобар во првото полувреме, имаше водство од 48-39. На скопскиот тим кој го имаше само расположениот Трајковски му беше потребно време да се консолидира, успеа во тоа во третата четвртина, ја доби со 23-28. Во последните минути од мечот беше вистинска драма, на минута и пол Феникс дојде на 86-85, но немаше сили за нешто повеќе, Кожув беше цврсто решен овој дуел да го заврши во своја корист.

Ризвик со 29 порни беше прв стрелец, зад него бепе Гордон со 28 поени и 7 асистенции. На другата страна Трајковски запиша 28 поени и 9 скока.

Работнички фати залет, запиша трета победа во низа, откако на гостувањето кај Струмица славеше со 84-92. Избраниците на Димитар Мираковски добро се испотија, бидејќи домаќинот пружи силен отпор, во првото полувреме беше подобар со 47-42.

По одморот Работнички успеа да го сврти мечот, ја анулираше негативата и заигра на повисоко ниво кое на крајот го даде посакуваниот резултат. На другата страна домаќинот се обиде да се закани во самиот финиш, но немаше доволно време.

ПретходноНавивач влезе во терен и претепа голман во Турција (ВИДЕО)
СледноПораз и од Германија: Кошаркарките добро тргнаа, па се изгубија (ФОТО)