Во дербито на 2.коло од групната фаза Германија и Шпанија одиграа 1:1 со што Шпанците сега имаат четири бода, а Германците спасија бод и си ги задржаа шансите со триумф над Костарика во последното коло да изборат пласман во нокаут-фазата.
Германците беа на пат да доживеат пораз затоа што Мората ги доведе Шпанците во водство со голот во 62. минута, меѓутоа јунак за светскиот првак од 2014 година беше Никлас Фулкруг. Напаѓачот на Вердер влезе во игра да ја поправи ситуацијата и успеа да даде гол и да донесе бод за својата репрезентација.
Шпанија има четири бода во групата и ќе игра со Јапонија во последното коло. Јапонија и Костарика имаат по три бода, а Германија има бод.