Храбриот Мароко ја “уништи“ Белгија! (ВИДЕО)

125

Кој ли можеше само да очекува дека Мароко ќе ја победи силната Белгија во меч од 2.коло во групата-Ф. Победа од 2:0 и тоа со головите на Сабири од слободен удар во 73.минута, а потоа и во 90+2.минута стрелаше Закарија. Претходно ВАР им поништи гол на Мароканците во 45+2.кога Зијеш стрелаше.

Одличен настап на селекцијата од Африка, разигран беше Мароко, создаваше шанси, имаше и зицери а Белгија беше бледа, на моменти и безопасна.

Иако не беше предвидено во 81.минута во игра кај Белгијанците мораше да влезе и Ромелу Лукаку, но и тој не успеа да помогне фаворитот да се спаси од пораз.

Сега по овие 2:0 и по победата на Мароко на табелата во групата-Ф вистински хаос. Мароко има 4 бода, Белгија 3, а Хрватска еден и Канада без бодови, но тие допрва ќе го играат својот меч.

ПретходноСлавчо Георгиевски – Тупан: Големо браво за моите играчи, херојска победа над “пандевци“!
СледноШкендија им приреди шок на “Балистите“ на нивниот 30-ти роденден!