Македонскиот репрезентативец, Стојан Ѓуроски и Оруенсе го запишаа шестиот пораз во втората шпанска лига. Тимот на нашиот кошаркар не успеа да дојде до изненадување на гостувањето кај Ваљадолид од каде си замина со убедлив пораз од 86-76 во рамките на осмото коло во овој шампионат.
Ѓуроски беше еден од најдобрите во редовите на Оруенсе, постигна 12 поени (3/7 за три, 1/3 за два, 1/2 за еден поен), четири скока и една асистенција, сето ова за 28 минути во игра.
Тимот на македонскиот репрезентативец се наоѓа на 14. позиција на табелата, над опасната зона.