Бруно ја однесе Португалија во осминафиналето (ВИДЕО)

112

Португалија го совладаа Уругвај со 2:0 (0:0) и се пласираа во осминафиналето на натпреварувањето. Португалците се третата репрезентација која има виза за нокаут фазата.

Уругвај имаше свои шанси на овој натпревар, но не искористи ниту една. Двата гола за Португалија беа дело на Бруно Фернандеш. Првиот се случи во 54. минута кога испрати незгоден центаршут до Кристијано Роналдо, кој со глава го се чини не ја допре топката, но го измами голманот на Уругвај и топката заврши во неговата мрежа.

Во финишот, Бруно погоди и вторпат, но овој пат од белата точка. По интервенцијата на ВАР за игра со рака на Хименез, Алиреза Фагани покажа на белата точка, а Бруно реализираше за 2:0 и пат на неговата репрезентација во осминафиналето.


Standings provided by Sofascore

ПретходноУникатна тетоважа на уругвајскиот голман (ФОТО)
СледноБомба од Италија: Андреа Ањели и Павел Недвед си заминаа од Јувентус!