Во фантастичен меч Гана ја победи Ј. Кореја! (ВИДЕО)

113

Прекрасен, фантастичен дуел меѓу Гана и Ј. Кореја кој на крајот заврши со победа од 3:2 за селекцијата од Африка. Фудбал со висок интензитет, пресврт, многу голови, уште повеќе шанси, се она што треба за да го задоволи вкусот на еден пребирлив фудбалски фан.

Гана во 24. и 34.минута со головите на Салису и Кудус имаше водство од 2:0, со тој резултат се замина на пауза. Но селекцијата на Ј. Кореја не се предаде.

Сон и другарите тргнаа на се или ништо и за само три минути на почетокот од второто полувреме, во 58. и 61.минута Чо Гуе-Сонг успеа да воспостави резултатски егал.

Но тоа не беше се од овој меч, се играше 68.минута кога Кудус успеа одново на Гана да и донесе водство од 3:2.

До крајот на мечот и двете селекции имаа по неколку шанси, но тие 3:2 беа конечни.

Ова се првите три бода за селекцијата на Гана во групата-Х, додека Ј. Кореја остана на еден освоен на дуелот со Уругвај.

По мечот и скандал. Судијата Тејлор од Англија не им дозволи на играчите на Ј.Кореја во 111.минута да изведат корнер, отсвири крај на мечот Селекторот Бенто реагираше и доби црвен картон.

ПретходноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Славчо Георгиевски – Тупан
СледноОтворена е истрага: ФИФА ќе „УДРИ“ против Германците!