Голманот на Аргентина: По поразот од С.Арабија морав да побарам помош од психолог

238

Голманот на Аргентина Емилијано Мартинез призна дека посетувал психолог по поразот на стартот на Мундијалот од Саудиска Арабија со 1:2. Голманот на Астон Вила почувствувал дека има поддршка од психолог за да се крене по тој шокантен пораз.

Многу страдав. Зборував и со психолог, затоа што ми дадоа два гола со два шута. Претставував 45 милиони Аргентинци и требаше да одиграм подобро. Сега е добро. Го тргнав притисокот. Не е лесно да се биде на СП и да се носиш со толку големи очекувања“, призна Мартинез.

Очигледно посетата на психолог дала резултат, затоа што на вториот меч Аргентина го совлада Мексико со 2:0, а Мартинез не прими гол.

 

ПретходноКоментар на 16.коло: Како Струга нема друга, Шкендија заборави да победува дома, Работнички се “разбуди“…
СледноУбедлива рехабилитација за ТФТ по лошата епизода на Јадранот!