Касемиро го „отклучи“ швајцарскиот гол и донесе триумф на Бразил (видео)

248

Со голот на Касемиро во 83. минута репрезентацијата на Бразил ја совлада Швајцарија со 1:0 што е нивна втора победа на Мундијалот во Катар. И не само тоа, Бразил со овој триумф обезбеди место во наредната фаза, па мечот со Камерун ќе биде само за престиж.
Долго се надмудруваа двете страни. Швајцарија беше цврста, организирана и не им дозволуваше премногу простор на бразилските ѕвезди во нападот. Во 64. минута Винисиус постигна гол, но беше фатен во офсајд. ВАР тоа и го потврди.
Дојде онаа 83. минута кога на асистенција на Родриго, Касемиро убаво шутна, а топката го измами Зомер на швајцарскиот гол.
Тој погодок се покажа како победнички.
Швајцарија има еден бод исто колку и Камерун. Швајцарија ќе игра со Србија во последното коло, а Камерун со Бразил.

ПретходноРигоберт Сонг: Можеме да го победиме Бразил
СледноКоментар на 16.коло: Како Струга нема друга, Шкендија заборави да победува дома, Работнички се “разбуди“…