Чудни 3:3 меѓу Србија и Камерун, чудни од аспект на водењето на селекцијата на Србија. На 3:1 се чини дека се беше како што треба, само беше потребно малку тренерско знаење и мечот да се заврши без проблем.
Но во тие моменти се случуваше хаос на клупата на Србите, барем така вели стручниот коментарор на РТС Раде Богдановиќ, некогашен фудбалер и познат тренер, кој сега е аналитичар кој и тоа како “УДРИ“ по Пикси.
„Од сјај од очај. Ние одигравме натпревар како да немавме селектор на клупата. Никогаш не сум видел вака некој да води еден натпревар. Ужасно“ рече покрај дугото Богдановиќ.
Инаку на социјалните мрежи во Србија “врие“. Голем дел од фановите сметаат дека Пикси и тоа како не си ја завршил својата работа.