Ригоберт Сонг: Можеме да го победиме Бразил

164

По сензационалниот кам-бек и ремито 3:3 против Србија, репрезентацијата на Камерун верува во победа над Бразил во петок и пласман во следната фаза на СП. Пред мечот со Србите, селекторот Ригоберт Сонг го исфрли голманот Андре Онана од репрезентацијата поради недисциплина, па тој верува дека тој момент бил инспирација за неговите фудбалери да се вратат во дуелот со Србија.

Губевме со два гола, но се вративме. Тоа е духот кој ни фалеше на првата средба со Швајцарија. Тимот ми ја покажа вистинската реакција. Се уште сме во игра. Веруваме во себе, не дојдовме тука само за да учествуваме туку да оставиме печат. Можеме да го победиме Бразил. Веруваме во успех. Со ваква борбена игра се е отворено“, изјави Сонг.

Kaко потсетување првиот човек на ФС на Камерун, Самуел Ето предвиди финале на Камерун па дури и трофеј. Засега „Лавовите“ имаат еден бод.

 

ПретходноТИМ И ИГРАЧ НА 16.КОЛО: Ибраими знае како треба и во Кратово
СледноКасемиро го „отклучи“ швајцарскиот гол и донесе триумф на Бразил (видео)