Србија од еуфорија до очај и само со бод против Камерун! (ВИДЕО)

677

Наместо при водство од 3:1 Србија умешно да ја “затвори“ средбата, да ги затвори приодите кон својот гол, четата на селекторот Драган Стојковиќ – Пикси одигра очајна одбрана, делуваше премногу еуфорично и сетоа тоа скапо го плати.

На крајот резултатот од средбата од 2.коло во групата – Г гласеше 3:3. Загубени се два златни бода.

Инаку мечот во Ал Вакра тргна со шансите на Митровиќ и погодената статива. Тоа го казни Камерун со голот на Кастелето во 29.минута за 1:0. Следуваа супер три минути во судиското продолжение од првиот дел на Србите и со головите на Павловиќ и Сергеј на пауза замина со водство од 2:1.

Веќе во 53.минута Митро-гол стрелаше за убедливи 3:1.

Влегувањето на Абубакар ги промени настаните на теренот. И за само три минути Камерун израмнува на 3:3. Прво Абубакар во 63.минута намали на 2:3, за да потоа истиот играч асистираше до Чупо-Мотинг за 3:3.

До крајот на средбата и двете селекции имаа шанси за победа, но сепак на крајот и Србија и Камерун мораа да се задоволат со освојување на по еден бод.

ПретходноВТОРА ЛИГА: Дербито за Соколи 1933!
СледноКритики за Пикси: „Ужасно, ние игравме без селектор на клупата!“