Репрезентацијата на Бразил не им дозволи на ривалите на Светското првенство во Катар да упатат ниту еден удар во рамките на голот на Алисон Бекер.
Тимот на Тите ги победи Србија (2:0) и Швајцарија (1:0) не дозволувајќи им на противниците ниту еднаш да се заканат кон голот на голманот на Ливерпул. Ова е уште еден своевиден доказ за доминацијата на „кариоките“, кои веќе се во осминафиналето и им преостанува само уште да го одиграат мечот со Камерун.