Андреј Крамариќ беше двоен стрелец во победата на Хрватска од 4:1 против Канада во натпреварот од 2. коло од групата Ф на Светското првенство. По натпреварот тој ја прокоментира убедливата победа, а во својата изјава го критикуваше канадскиот селектор заблагодарувајќи му се за мотивацијата за натпреварот.
Да потсетиме дека Канада загуби со 1:0 од Белгија на нивниот прв натпревар во Катар, и покрај добрата игра, а тоа му даде голема доверба на канадскиот селектор Џон Хердман, кој изјави: Им кажав на играчите дека припаѓаме овде и дека следниот меч ќе ја зае*еме Хрватска. Едноставно е“.
По триумфот над Канада, Крамариќ имаше порака.
„Тежок почеток во првите пет минути, но го покажавме она што Хрватска секогаш го покажува. Покажавме фокус и ментална сила, поради што се свртивме и победивме на крајот. Посебна вечер за мене и за тимот. Не се постигнуваат два гола секој ден на Светското првенство. Сакам да и се заблагодарам на Канада за мотивацијата. Хрватска покажа кој кого ќе го е*е“, изјави хрватскиот репрезентативец.