Напаѓачот на РБ Лајпциг Кристофер Нкунку ќе направи трансфер во Челзи. Според информациите од Англија, 25-годишниот француски интернационалец уште во септември ги поминал лекарските прегледи, а сега се договорил и со клубот на долгогодишен договор кој ќе стартува од јуни 2023 година. Тоа значи дека Нкунку ќе ја доигра сезоната во Лајпциг, а по завршувањето на Бундес лигата ќе дојде на „Стемфорд Бриџ“.
Сумата која Челзи ќе ја плати како отштета изнесува 60 милиони евра.
Нкунку постигна 12 гола на 15 бундеслигашки натпревари оваа сезона, а не игра на Светското првенство во Катар поради повреда. Пред да отиде во Лајпциг играше за ПСЖ.