Вечерва од Јувентус си заминаа Андреа Ањели, долгогодишен претседател на Јувентус и Павел Недвед, потпретседател и десна рака на Ањели. Оставки ќе поднесат и останатите членови на управниот одбор.
Ова го означува и крајот на ерата на Ањели кој е на кормилото на торинскиот клуб од 2010 година. Од Италија се очекуваат и дополнителни информации за промената на целата структура на клубот. Во наредните денови и месеци ќе дознаеме повеќе за причините за разделбата и за следниот претседател на клубот.
Засега е познато дека Аривабене, кој досега беше на функцијата извршен директор, ќе го води клубот во преодниот рок.