Очај владее во селекцијата на Србија, па и меѓу фановите во таа земја. Поголем дел од јавноста е гневна на селекторот Драган Стојковиќ – Пикси кој реално аматерски ја водеше својата репрезентација, посебно во тие моменти кога резултатот беше 3:1 за неговиот тим.
Му се дозволи на Камерун да постигне два гола и да дојде до 3:3.
Сите се во шок, и селекторот и играчите, а Александар Митровиќ истакна:
„Имавме се во наши раце. Кога ќе примиш глупави голови така е. Штета, допрва морам уште еднаш да ја погледнам средбата за да дадам некои посебни заклучоци, но изгубивме два златни бода. Тоа е факт“ посочи напаѓачот кој иако постигна еден гол искрено не се прослави на овој меч. Имаше барем уште три зицери, а еднаш ја погоди и стативата.