Сонг пред мечот со Србија го исфрли Онана од тимот!

599

Нервоза и лоша атмосфера имало во таборот на селекцијата на Камерун во пресрет на дуелот со Србија. Имено селекторот Сонг непосредно пред да почне мечот го исфрли од тимот голманот Онана, еден од најдобрите голамни во светот и еден од адутите на Камерунците. Сонг од голманот на Интер барал да не задржува премногу топката, да ја додава веднаш и тоа пред својот гол во таа опасна зона. Онана му одговорил дека тоа е негов стил и дека нема намера да го менува.

И јасно селекторот завршил со дискусијата и место Онана на голот на Камерун му дал шанса да брани на Епаси.

ПретходноПолувреме: Каков пресврт? Србија од 0:1 на пауза замина со 2:1! (ВИДЕО)
СледноВТОРА ЛИГА: Дербито за Соколи 1933!