Танкоски: Мораме да смогнеме сили и да се вратиме со целиот плен!

137

Е.Пелистер тргна кон Дизелдорф каде веќе утре ќе ги одмери силите против Мотор Запорожје во рамките на четвртото коло во Европската лига. Македонскиот вицепрвак има бројнми проблеми, но и покрај кратката ротација не размислуваат да се предадат, напротив ќе се обидат да дојдат до втората победа оваа сезона. Истата ќе значи продолжување на битката за следната фаза.

Пред себе имаат голема шанса бидејќи Мотор е аутсајдер на оваа средба, има три порази во низа и се наоѓа на последното место на табелата.

„Натпреварот против Мотор за нас е многу важен, бидејќи со нив ќе водиме битка за продолжување во следната фаза. Се подготовуваме за противникот од Украина, претежно составен со украински ракометари, но мислам дека ние сме фаворити и имаме големи шанси да се радуваме. Останаа таму само украински ракометари, со 2-3 странци. Високи и спори се и треба да ги наттрчаме, да играме наш ракомет и верувам дека нема да имаме проблем. Имаме многу повредени ракометари, Суси веќе е опериран и се рехабилитира, Руди Сери мислам дека е загубен за оваа сезона. Имаме проблеми со ротација и мора да играме исти ракометари, десет играчи се здрави и за македонско првенство и за Европската лига. Посебно е напорно овие дваесеттина дена до крајот на полусезоната, бидејќи имаме два натпревари неделно. Мора да се собереме, заедно да смогнеме сили, да ги издржиме овие дваесет дена и ќе биде сè во ред“, изјави Танкоски. 

Натпреварот меѓу Мотор и Е.Пелистер се игра утре со почеток во 18:45 часот.

ПретходноБоксер од Мексико му се закани на Меси: Моли да не те најдам!
СледноЗа „Дербито на Македонија“ се отвораат вратите на реконструираната трибина на стадионот “Петар Милошевски“ во Битола! (ФОТОГАЛЕРИЈА)