Струга Трим Лум протатне низ Кратово и успеа со 1:2 да го победи Силекс во дербито на колото. Кога беше најпотребно токму Бесарт Ибраими, првиот “бомбардер“ во ПМФЛ и во историјата на нашата елитна лига, покажа како треба. Прво на 0:0 изнуди пенал, па истиот го претвори во водство во 21.минута. Знае Бесарт како треба во Кратово.
Потоа беше се полесно.
Покрај Ибраими во тимот на колото од тимот на Струга ТЛ се и Илиески и Малески. Голман е Давков од Тиквеш кој правеше чуда под Шара, добар беше и Наумчески од тимот на кавадарчани.
Шкупи со 0:6 ја прегази Победа среде Прилеп, а Хамиди со два гола одигра одлични, исто така стандардно добар беше и Алварез. Рушевиќ и Алими од Работнички се тука, како и Димов и Хајдари од Скопје.
ИГРАЧ НА КОЛОТО
БЕСАРТ ИБРАИМИ
Тим: Струга ТЛ
Роден: 17.12.1986 во Кичево
Кариера: Влазерими, Напредок, Ренова, Шалке 04, Севастопол, Таврија, Металург Запорожје, Енозис Паралими, Ермис, Шкендија, Ксанти, Струга ТЛ